Во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2018 10:06

Какво време не очекува денњска и за викендот?

Фото/Текст извор: ©Ухмр

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 17 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната температура до 27 степени.

Во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. И во почетокот на наредната седмица ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.