Од 2008 година предавал неколку предмети на „Американ колеџ“.

Објавил: admin@magazin | 11 мај, 2019 20:18

Каков факултет има завршено претседателот Стево Пендаровски?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски е дипломиран правник и доцент по меѓународна безбедност.

Од поранешните претседатели на Република Македонија, само Бранко Црвенковски има завршено Електротехнички факултет, а Правен факултет завршиле Киро Глигоров, Борис Трајковски и Ѓорѓе Иванов.

Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).

Пендаровски е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1983–1987). Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“.

Докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“. Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Тој е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки на универзитетот Американ Колеџ во Скопје и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори во 2014. Тој повторно бил избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и коалиционите партнери за претседателските избори во 2019 каде што победил и двата изборни круга против кандидатите Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река и со тоа станал претседател на Македонија.

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски е дипломиран правник и доцент по меѓународна безбедност.

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).
Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.