Според пратеничката Калеска- Ванчева од СДСМ, Македонија е исто што и девојка за мажење, и со тоа што ќе го земе презимето на сопругот таа не го менува идентитетот

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 12:02

Калеска- Ванчева: Јас го зачував идентитетот кога се омажив и го додадов презимето од мажот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Трагикомичен почеток на вториот ден од Собраниската седница по единствената точка на дневен ред, пристапување кон Уставни измени.

Имено прва говореше пратеничката Снежана Калеска Ванчева која направи чудна и комична компарација за сериозноста на темата

Jас го зачував идентитетот кога се омажив и го додадов презимето од мажот. Да направиме додавка на државата. Нашиот идентитет не може да биде проблематизиран. Ние не го менуваме името. Немаше ни Владата да прифати ако требаше да се избрише името Македонија. – рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на продолжението на расправата во Собранието за уставните измени.

За збор се пријавени уште 60 пратеници. Расправата почна вчера и се очекува да трае наредните неколку дена, по што треба да се гласа за уставните измени и прифаќање на договорот од Преспа.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавуваат дека нема да учествуваат на гласањето, поради што е неизвесно двотретинското мнозиство потребно за да се донесат промените во Уставот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.