Од таму повикуваат купувачите да не купуваат залихи и да пазаруваат колку за една недела бидејќи како што велат, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2020 11:10

КАМ МАРКЕТИТЕ СО АПЕЛ: Не претерувајте со залихи, треба да пазарат и по вас!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера преку соопштение до јавноста, објавено на официјалната страна на маркетите КАМ беше соопштено дека поради ситуацијата со Коронавирусот во земјава и согласно мерките од Влада, маркетите ќе работат со скратено работно време од понеделник до петок од 8 и 30 до 19 и 30 часот, во сабота од 8 и 30 до 18 часот, а во недела од 8 и 30 до 16 часот.

Соопштение од Кам маркетите…

Од таму повикуваат купувачите да не купуваат залихи и да пазаруваат колку за една недела бидејќи како што велат, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.

„Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“.Ве замолуваме исто така за разбирање и почит кон вработените кои со вонредни напори и лични ризици максимално одговорно и лојално се вложуваат како коннас како компанија така и према вас како купувачи стои во соопштението на маркетот на Фејсбук.

Ако процесот на снабдување не можат краткорочно да го обезбедат оттаму велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.