Нацртана на ѕид меѓу повеќе дами во бикини, а авторскиот мотив зошто баш Јанева ни остана непознат.

Објавил: Весна Петровска | 5 август, 2019 9:37

Катица ги краси ѕидовите на „Шутка“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шефицата на СЈО, Катица Јанева по апсењето на осомничените за „Рекет“ и по нејзината оставка стана се популарна. Таа на социјалните мрежи е топ тема, но како што објави Телма шефицата на специјалното обвинителство е тема и во затворот во Шутка, па еден од ѕдиовите во затворот имало портрет од Катица Јанева.

Телма објави дека во ќелиите можеле да го видат уметничкиот талент на притворениците но во една ќелија ја има и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Нацртана на ѕид меѓу повеќе дами во бикини, а авторскиот мотив зошто баш Јанева ни остана непознат.

Како што пренесува Телма насликана е меѓу неколку дами во бикини. Меѓу нив Рита Ора.

Во притвор има само неколкумина кои се дел од истрагите на Јанева, но има и многу други притвореници кои живеат во лоши услови, со децении не е реновирано, па ќелиите изгледаат како одаи за мачење. Темни и страшни, понижувачки.

Иако има и ќелии кои се дел од македонската кинематографија и историја. Како оваа.

Женските одаи се ретки, вкупно 16 притворенички имаше. Се разликуваат, попристојни се, почисти. Женски списанија, книги или среќни приказни за живот на британска принцеза. Тоа им е четивото.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.