Судијката која му досуди 2 години на Груевски кренала паника бидејќи и се исклучил интернетот

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 6:28

Кацарска судеше и за “Поткуп” а кај неа е и предметот за настаните во Собранието од 27-ти Април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицајците кои ја обезбедуваат 24 часа на ден судијката Добрила Кацарска почнале да реагираат и да бараат да бидат заменети бидејќи рокот за обезбедување кој првично им бил најавен до објавување на пресудата постојано се оддолжувал а засега не била забележана никаква реална опасност.

Како што се дознава дневно само во судот се ангажирани по 4 полицајци кои седат на катот каде што е канцеларијата на Кацарска и внимаваат на секој што ќе влезе кај неа. Судската полиција прави контрола на влезот а полицајците од МВР прво го најавуваат тој што ќе дојде па да може да влезе.

Поради дополнителна безбедност на катот во судот била поставена и камера која го регистрира секое движење кон канцеларијата на судијката Кацарска.

Вистинска драма се случила пред извесно време кога судијката Кацарска снемала интернет во канцеларија. Таа веднаш се јавила во МВР кај одговорниот на групата што ги командува полицајците па сомневајќи се дека станува збор за саботажа веднаш почнале да прегледуваат камери и да гледаат во евиденција кој полицаец бил на смена.

Имало наредба ниту еден полицаец кој бил претходно во обезбедување на Никола Груевски или со други личности од партијата да не биде ставен во екипата за обезбедување на судијката.

Попладне и ноќе од надлежната полициска станица во судот биле испраќани млади полицајци кои дежурале во ходникот на судот пред канцеларијата на Кацарска.

Дополнителни тимови како тие што го обезбедуваат станот на обвинителката Фатиме Фетаи биле распоредени во патроли да го чуваат станот во Центар и куќата во Карпош на Кацарска.

Обезбедување за Кацарска побара Иван Џолев претседател на судот иако до денеска нема информации за некаква реална закана по објавата на пресудата за случајот “Тенк” во кој на две години затвор го осуди поранешниот премиер Никола Груевски.

Судеше и во “Поткуп” а се споменуваше како најсериозен кандидат за претседaтел на скопска апелација.

Кај неа е и предметот за “настаните од 27 април во Собранието” кој почнува во втората половина на август и за кој предмет според полициски извори сигурно ќе биде продолжено времето на полициска заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.