Подготовките за 39-тото издание на ИФФК "Браќа Манаки" во фото финишот

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 14:01

Квалитетна филмска програма и познати имиња на 39-тото издание на ИФФК “Браќа Манаки”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” кој ќе се одржи од 22-ри до 29-ти септември во Битола а чии подготовки влегуваат во својата завршница.

Од ИФФК “Браќа Манаки” соопштија дека годинава ќе има 14 програми а проширен е и кругот на селектори кои ги обликуваат програмите.

Новина е програмата “Филмски класици – Полноќен јавач” која вклучува филмови од светската филмска антологија за кои помладата генерација има можеби само слушнато или прочитано.

Селектор на програмата е италијанскиот режисер кој живее во Битола Микеле де Анѓелис а која за публиката ќе понуди четири филма од хорор жанрот во полноќните фестивалски часови.

Во главната програма пак се вклучени најновите филмски продукции на големите мајстори на филмската фотографија што ја фасцинираа публиката и критиката во селекција на Благоја Куновски – Доре.

“Оваа година фокус ќе биде ставен на студентската програма. Годинава ќе има студенти од 15 филмски академии најмногу досега од почетокот на основањето на фестивалот а тие доаѓаат со свои филмови по чии проекции ќе има дискусии и разговори. За студентите подготвуваме и средби со филмските автори кои со нив ќе ги споделат своите искуства.” – вели директорката на Фестивалот Гена Теодосиевска.

Од ИФФК посочуваат дека и годинава ќе биде изработен фестивалскиот промотивен видео спот под режисерската палка на Вардан Тозија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...