Ким Џонг-ун по средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, со покана и за посета на Руската Федерација, лично испратена од претседателот Владимир Путин

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 10:54

Ким со покана од Путин за посета на Русија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседавачот со рускиот Совет на федерацијата (Горниот дом на Парламентот) Валентина Матвиенко, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун примил писмо од рускиот претседател Владимир Путин и потврдил подготвеност за официјална посета на Русија.

Матвиенко тоа го изјави по денешниот состанок со Ким во Пјонгјанг.

Ја извршив задачата од Владимир Путин и му пренесов негова порака. Како одговор тој рече дека потврдува подготвеност и желба да дојде во посета на Руската федерација, изјави Матвиенко.

Политичкото игнорирање на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун прекина по неговата одлука да започне меѓународна промоциза за демокатизација на својата земја и отвореност за соработка со сите држави, остварувајки прва средба со претседателот на економски моќната Јужна Кореја, со кој веќе е договорена трета средба а се разговара и за времено спојување на двете Кореи во една држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.