До масата на претседателот беа поставени детски цртежи и подароци упатени до претседателот, на ѕидот на кабинетот - портрет на Петар Велики. Внатрешноста на собата е со светли бои.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2020 18:12

ОВА Е ТАЈНИОТ КАБИНЕТ НА ПУТИН: Претседателот на Русија прв пат ја покажа просторијата во која нема влезено ниту еден новинар!(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Sputnjik

Претседателот на Русија за прв пат го покажа својот таен кабинет во првата зграда на Кремељ. Путин не одржува јавни состаноци во тој кабинет, така што неговите врати претходно беа затворени за новинарите.

За време на интервјуто за „Русија 1“ Путин направи исклучок од ова правило. Претседателот започна да разговара со новинарите во својата канцеларија, каде обично одржува работни состаноци и состаноци со мал број на учесници. Тој рече дека зад вратата има уште неколку простории.

„Има трпезарија и просторија за одмор. Но, ве предупредувам, јас не подготвив ништо, така што постои … работна атмосфера “, рече шефот на државата.

„Веројатно тука сте први“, рече Путин пред новинарите, покажувајќи ја својата канцеларија.

До масата на претседателот беа поставени детски цртежи и подароци упатени до претседателот, на ѕидот на кабинетот – портрет на Петар Велики. Внатрешноста на собата е со светли бои.

Путин призна дека понекогаш има тешки разговори со колегите во својата канцеларија.

Имаме и тешки разговори “, рече Путин на прашањето што се случува во неговата канцеларија. На прашањето на новинарите каква енергија има Кремељ, шефот на државата одговори дека не се занимава со тоа.

„Јас дури и не размислувам за тоа“, рече рускиот претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.