Главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Живко Коцев, изјави дека меѓу осомничените има државјани на Бугарија, Русија и Белорусија.

Објавил: Мате Парлоф | 11 октомври, 2023 6:03

Апсење во Бугарија, 12 луѓе приведени поради кршење на санкциите на ЕУ за извоз во Русија

Фото/Текст извор: ©s. pecat

Бугарската полиција приведе 12 луѓе, дел од организирана криминална група кои вршеле извоз на стока со двојна употреба од Бугарија во Руската Федерација со што се прекршуваат санкциите наметнати од ЕУ. Меѓу нив петмина се странци – тројца Руси, Албанец и жител на Белорусија. Асењата биле извршени во Софија, Пловдив, Варна и Велико Трново. Групата била активна од 2021 година.

Главниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Живко Коцев, изјави дека меѓу осомничените има државјани на Бугарија, Русија и Белорусија.

– Акцијата за апсење на осомничените ја спроведоа повеќе агенции откако Државната агенција за национална безбедност добила информации за нелегален пренос на стока со можна двојна употреба, изјави шефот на агенцијата Пламен Тончев.

Таквиот извоз во Русија е забранет со санкциите на ЕУ наметнати на Русија откако таа ја започна својата војна во Украина.

„Откриена е меѓународна мрежа за нелегално снабдување на стоки со двојна употреба со цивилни и воени апликации од европските земји до Руската Федерација“, рече Тончев.

Досега е утврдено дека еден од организаторите регистрирал трговско друштво во Пловдив за да ги извршува своите активности. Компанијата купила разни видови стоки за двојна употреба за околу 4.000.000 лева – оптички нишани,  авијациски  радио станици и друго. Тие биле складирани во станбен имот, препакувани и подготвени за извоз преку софискиот аеродром во Руската Федерација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.