Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2023 6:21

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во вторникот се тргуваше за речиси 96 долари, откако Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах. Има се повеќе аналитичари кои сметаат дека нафтата годинава ќе треба да се плати 100 долари.

Снабдувањето е ограничено, а двете најважни членки на картелот ОПЕК+, Саудиска Арабија и Русија, се решени да ги задржат намалените производствени квоти за вкупно 1,3 милиони барели дневно до крајот на годината. Поради тоа, предупредува Меѓународната агенција за енергетика, пад на понудата треба да се очекува и во последниот квартал од оваа година.

Аналитичарите на Bank of America веруваат дека Брент може да се пробие над 100 долари пред крајот на годината, нагласувајќи дека загриженоста за забавувањето на кинескиот економски раст не игра никаква улога. Ако нафтата навистина отиде над 100 долари, тоа ќе ги зголеми инфлаторните притисоци, задржувајќи ги каматните стапки на високи нивоа подолго од очекуваното. Тоа негативно би се одразило на економскиот раст, а со тоа и на побарувачката на нафта, па според Bank of America не се очекува долго време цените да останат над сто долари!

Главниот економист на ОЕЦД предупредува дека ризиците во Европа поради обновените високи цени на нафтата (од мај се зголемени за 25 отсто) се многу поголеми отколку во САД, бидејќи Европа е голем увозник на енергетски производи. Затоа, ОЕЦД ја зголеми прогнозата за раст на американската економија и ја намали прогнозата за растот на еврозоната. Тие благо ја зголемија проценката за растот на глобалниот БДП за оваа година (од 2,7 на 3,0 отсто), но ја намалија за 2024 година, од 2,9 на 2,7 отсто, поточно. Минатата година глобалниот економски раст беше 3,3 отсто.

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...

Очекуваме дека ќе ја продолжат одлуката за намалување на понудата и дека нафтата на ОПЕК ќе се врати на пазарот кога цените ќе се стабилизираат над 90 долари за барел, наведуваат аналитичарите на Националната австралиска банка во прегледот на состојбата на пазарот.

Скокнаа цените на нафтата: Се приближуваат до највисокото ниво оваа година

На лондонскиот пазар цената на нафтата силно порасна минатата недела, приближувајќи...