Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

Објавил: Мате Парлоф | 18 септември, 2023 6:08

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Фото/Текст извор: ©sitel

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги предупредија двете страни сериозно да ги сфатат обврските од Договорот за патот кон нормализирање на односите.

Неименуван портпарол на Стејт департментот за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека „времето истекува“ и дека САД „сакаат да видат напредок“.

Сакаме да видиме напредок во однос на обврските преземени во дијалогот, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Ќе се консултираме внатрешно и со нашите европски партнери за следните чекори, изјави синоќа портпаролот на американското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека дијалогот со посредство на ЕУ е „единствениот пат напред за Косово и Србија“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се сретнаа вчера во Брисел, за прв пат од почетокот на последната криза на северот на Косово, која изби на крајот на мај.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по заедничката средба изјави дека и покрај големите напори „не е можно да се надминат разликите“, бидејќи Курти инсистирал на фактичкото признавање на Косово како прв чекор во спроведувањето на Договорот за патот до нормализирање на односите, додека Вучиќ го прифати компромисниот предлог на ЕУ.

Предлогот за компромис, според Борел, подразбирал дека паралелно се одвиваат политичките аспекти на нормализацијата на односите и процесот на формирање на ЗСО.

Борел, исто така, рече дека шест месеци по договорот меѓу Вучиќ и Курти во Охрид, за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, „сè уште не е започната имплементацијата на најважните точки“ и додаде дека тоа значи дека „и Србија и Косово директно и сериозно ги прекршуваат своите обврски преземени во дијалогот“.

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите.

Курти го обвини специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, наведувајќи дека го поддржува ставот на Србија дека формирањето на ЗСО е предуслов за спроведување на другите договори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...

Очекуваме дека ќе ја продолжат одлуката за намалување на понудата и дека нафтата на ОПЕК ќе се врати на пазарот кога цените ќе се стабилизираат над 90 долари за барел, наведуваат аналитичарите на Националната австралиска банка во прегледот на состојбата на пазарот.

Скокнаа цените на нафтата: Се приближуваат до највисокото ниво оваа година

На лондонскиот пазар цената на нафтата силно порасна минатата недела, приближувајќи...