Пред полетувањето, кинеските лекари се сликаа со екипажот на летот и знамето на Србија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 март, 2020 11:06

КИНЕСКИТЕ ЛЕКАРИ ХЕРОИ ПОЛЕТАА ЗА СРБИЈА: Ексклузивна фотографија од авион со српско знаме!

Фото/Текст извор: ©Foto: Air Serbia магазин.мк

Најголемиот авион на „Ер Србија“, Ербас А330, кој вчера замина за Кина, е подготвен да се врати назад во Србија, полна со медицинска опрема и кинески медицински експерти за да им помогне да се изборат против коронавирусот. 

Пред полетувањето, кинеските лекари се сликаа со екипажот на летот и знамето на Србија. Кинескиот претседател Си Џиинпинг му испрати писмо до претседателот Александар Вучиќ во кое изразува поддршка за Србија.

Авионот веќе полетал за назад и се очекува да слета во Белград отприлика околу 20 часот. 

Вечерва од 20 часот, во Србија ќе нема јавен превоз на патници, а од утре од 20 часот се затвораат сите кафулиња и шопинг центрите.
Ова се дополнителни мерки кои што ги донесе Владата, а ги соопшти премиерката Ана Брнабиќ.

„Во недела од 20 часот се затвораат сите ресторани, кафулиња и шопинг центри. Ќе има само достава на храна. Од сабота од 20 часот запира јавниот превоз“, истакна Брнабиќ.

Европската унија итно и додели грант на Србија во износ од 7,5 милиони евра за борба против епидемијата.

Договорот за помош го потпишаа вчера шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, амбасадорот Сем Фабрици и министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Во земјата комплетно е укинат меѓуградскиот автобуски и железнички сообраќај, а оставена е можноста за автомобилски сообраќај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.