Кирацоски ги потврди сонмежите дека е можно Груевски со себе да има и дел од снимените разговори, со што "бомби" овој пат ќе се слушаат од Будимпешта, но за другата страна

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 7:08

Кирацоски: Груевски е поопасен од Унгарија, отколку кога беше премиер

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бегството и добивањето политички азил за политички прогон од власта на СДСМ на поранешниот премиер, Никола Груевски, тема за која се огласи и партискиот секретар, Александар Кирацоски.

Кирацоски за разлика од институциите и партиските колеги, го оквалификува Груевски како опасен за државата.

И Владата на Република Македонија и надлежното Министерство за правда ги прават сите напори Никола Груевски да биде испорачан назад во Македонија согласно меѓународните договори и конвенции. Се надевам и убеден сум дека Унгарија ќе го направи тој чекор и ќе го испорача Никола Груеваски назад во нашата држава каде ќе ја отслужи и правосилната казна, но и сите оние кои евентуално би му следувале.

Тој мора да биде вратен во државата и ќе биде вратен.

Никола Груевски во овој момент е исто толку опасен за РМ исто како и во моментот кога беше премиер на РМ. Тој поради функцијата, која за жал ја имал 11 години, во себе ги содржи сите клучни информации, доверливи информации и документи, се она што го сочинува нашето општество. Поради тие прични ние мора да ги направиме сите клучни чекори и убеден сум дека ќе успееме Никола Груевски да биде час поскоро испорачан во Македонија. – рече пратеникот Александар  Кирацоски.

За предлог законот за амнестија што го поднесе ВМРО – ДПМНЕ, а парламентарното мнозинство го одби рече е неприфатливо во еден кош да бидат и нарачателите, поттикнувачите на насилствата и оние кои случајно се нашле таму или биле заведени.

Уште пред да биде поднесен законот за амнестија на ВМРО – ДПМНЕ истакнавме дека тој поднесен закон за нас е апсолутно неприфатлив од причина што не смее да има бланко поддршка и во ист кош да бидат ставени и оние што се нарачатели, организатори и потткнувачи на насилствата на 27 април 2017 година. И истите не смеат да бидат ставени во кош со некои што случајно се нашле таму или биле заведени од оние што биле поттикнувачи.

Законот кој треба да следува, мора да биде јасен и да има јасна дистинкција помеѓу оние кои иницирале и организирале и оние кои биле заведени на тој намил настан. – рече Кирацоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести