Членот 5 од Уставот на Македонија говори за Државни симболи на Република Македонија, кои се грб, знаме и химна, како ќе гласи химната на можната Република Северна Македонија?

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 14:12

Кои се гаранциите дека нема да има корекции на државната химна, дознајте колку пати била изменета

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

“Денес над Македонија” е државна химна на Македонија, aвтор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски.

Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Народна па Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии.

Денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година. а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута.

Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.

Денес се уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната.

Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред.

Така од првичните … Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат … Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари…“ со „Одново сега знаме се веје…“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни 1943 година.

Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов, односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.

За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.

Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски:

Денес над Македонија се раѓа,

ново сонце на слободата!

Старо младо машко и женско,

на нозе се кренало!

Старо младо машко и женско,

на нозе се кренало!

 

Горите Македонски шумно пеат,

нови песни, нови весници!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Македонците се борат,

за своите правдини!

 

Од гроб станаа славните ѕидари

на Крушовската република!

На Гоце Делчев, Питу Гули,

Карев, Влахов, Сандански

На Гоце Делчев, Питу Гули,

Карев, Влахов, Сандански

 

Не плачи Македонијо мајко мила,

Крени глава гордо високо,

Македонија слободна,

слободна ќе живее!

Македонија слободна,

слободна ќе живее!

Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989 година:

Денес над Македонија се раѓа

ново сонце на слободата,

Македонците се борат

за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила

крени глава гордо високо

Македонија слободна

слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее

над Крушевската Република

на Гоце Делчев, Питу Гули

Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат

бојни песни, нови весници

Македонија слободна

слободно живее.

Денешна верзија усвоена во 1991 година:

Денес над Македонија се раѓа,

ново сонце на слободата!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Македонците се борат,

за своите правдини!

 

Одново сега знамето се вее,

на Крушевската република!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

 

Горите Македонски шумно пеат,

нови песни, нови весници!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Закон за химна од 12 август 1992 година, Република Македонија

Според член 5 од Уставот на Македонија е уредено како се носат – менуваат државните симболи и химната:

Член 5

Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Член 5 во иднина би гласел:

Државни симболи на Република Северна Македонија се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.