Покрај спортската, ќе развиваме и културна дипломатија

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2019 23:14

Силјаноска: Сигурна сум дека Стојанче Стоилов нема да рече „Северна“ Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Мислам дека ако надвор водиме, не само традиционална дипломатија – ова се нашите дипломати, посочи вечерва Гордана Силјановска Давкова од Кавадарци каде од бината пред преполниот плоштад ја честиташе победата на РК Вардар.

Сите денеска зборуваат за Вардар, а јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече „Северна Македонија“. Покрај спортската дипломатија ќе развиваме и културна дипломатија, бидејќи некогаш уметноста, филмот, науката, можат да сторат многу повеќе од многу амбасадори и конзули.

Стојанче Стоилов (р. 30 април 1987) — македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Дрвото ќе расцвета, додаде, кога ќе има предвремени избори и на нив ќе победат оние кои никогаш нема да ја заборават Македонија.

Силјановска Давкова се осврна и на македонската армија.

Не знам зошто жена не би можела да биде врховен командант на вооружените сили. Јас мислам дека опасно е да биде командант на вооружените сили некој кој толку брзо говори, побрзо од мислите ги кажува работите, контрадикторен е, заборава што кажал…

Таква конфузија е опасна. За да се биде командант треба да се мерат зборовите, треба да се брои времето, треба да се мисли на граѓаните, треба да се мисли на последиците. Тие се фалат со нашата Армија, меѓутоа заборавија да ја облечат. Боса армија не е армија, порача Силјановска Давкова, додавајќи дека и народот е бос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...