Комеморацијата за актерот Иван (Ванчо) Петрушевски кој почина завчера од струен удар во скопското село Орешаниќе се одржи денеска во 10 часот во Драмскиот театар Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 9:24

Комеморација за Иван (Ванчо) Петрушевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975-та година и остави безброј актерски остварувања наведе во известувањата за комеморацијата Драмски театар Скопје за денешната комеморација.

Според извештајот од полицијата Петрушевски починал од струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки.

Петрушевски е роден на 19-ти април 1951-ва година во Скопје. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1975-та година. Оттогаш како актер работи во Драмскиот театар во Скопје се до неговото пензионирање во 2017-та година.

“Со успех настапувал во повеќе улоги во претстави од домашни и странски автори и секојпат покажува духовити поединости кои им даваат на неговите ликови карактеристични движења и гримаси. Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност во изразот како виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи со што тие стануваат негови обожаватели. Со мангупска комика непрекинато концентрира играта успева да ја префрли преку рампата до гледалиштето со што Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на исклучителни актери.” – потенцираат од Драмски театар.

Многу значајно место во севкупната поставеност на дејството има играта на Ванчо Петрушевски, како Човекот со ѓеврек и Човекот со лузна. Со лежерно мајсторство неговите појави на сцената точно ги лоцираат идеите на режисерот Владимир Милчин за пресметка со мракот мачнината. Тежината на поттикот е да се оди докрај до безизлезот да се биде на сечилото на ножот на кое се води пресметката со мракот и мачнината.

Ванчо Петрушевски беше активен на повеќе полиња и надвор од театарот како водител на кулинарско шоу снимаше филмови а негова пасија беше и сликарството. Тој е еден од творците на серијата Македонски народни приказни. Многу генерации го препознаваат по ликот на Рамче. Воедно е и еден од првите Македонци кои настапиле во странски филм.

Кај нас го снимил филмот “Досие КА” по негово сценарио и продуцентство а истовремено ја толкувал и главната улога.

На сцената на Драмскиот театар настапувал во повеќе претстави меѓу кои се: Ослободувањето на Скопје – Солунски патрдии – Панургиј – Чудото на Свети Ѓорѓија. Добитник е наградите “Димче Трајковски” за улогата Јаков во претставата “Дупло дно” (1985 година) за актерско остварување на македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” за улогата на Јанко во претставата “Собирен центар” (1989 година).

Во 1987 година Ванчо Петрушевски го доби признанието за најпопуларно ТВ лице на годината според гласовите на читателите на весникот “Вечер” а во 1988 година според анкетата на ревијата “Екран” е добитник на наградата “Најдобро артистичко остварување во филмот и на телевизијата”.

Петрушевски беше и граѓански активист кој партиципираше во оштествениот живот на државата и кој јавно – јасно и гласно ја поддржа и иницијативата “За заедничка Македонија”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...