“Далукс - ауто” од Куманово повторно ќе им продава возила на државата

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јули, 2018 9:31

Компанијата донатор на СДСМ пак доби државен тендер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Централниот регистар на Република Македонија по распишаниот оглас за набавка на 11 моторни возила – како најповолна ја избра понудата на кумановската компанија “Делукс – ауто” во јавноста позната како фирма донатор на СДСМ.

По спроведената тендерска постапка Централен регистар склучи договор со друштвото за производство – трговија и услуги “Делукс – ауто” ДООЕЛ увоз – извоз Куманово. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 8.345.014 денари а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Во јавноста излегоа информации дека Министерството за внатрешни работи со оваа компанија во “четири очи” се договорилe за набавката на Шкоди за милион евра – односно со донирани милион евра од Република Чешка – македонското МВР лани без тендер купило 45 автомобили “Шкода” од фирма која што била донатор на владејачката СДСМ во 2016 година.

Своевремено оваа компанија најголемите тендери ги има добиено од општина Куманово со која раководеше и раководи СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика