Ккао што веќе претходно објавивме, за Иванов се изнајмени простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ кои всушност ќе бидат канцеларии на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата Турмак АД – Подружница Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 17:36

Компанијата Турмак откри колку чини киријата која Иванов ќе ја плаќа во висококатниците на „ЏЕВАХИР СКАЈ СИТИ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс претседателот на Република Македонија, кој цели десет години беше на оваа функција, вчера ги предаде клучевите од Вила Водно на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски. 

Ккао што веќе претходно објавивме, за Иванов се изнајмени простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ кои всушност ќе бидат канцеларии на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата Турмак АД – Подружница Скопје.

Иванов беше одбран за претседател, во два последователни мандати. Тој во текот на првиот мандат како претседател, оствари рекордна дипломатска агенда со преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Преку 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. Преку 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. За време на својот мандат оствари повеќе од 430 средби со странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Беше домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија.

Компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија склучиле договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.

Во видеото кое беше изработено од „360 stepeni“ се вели дека Иванов самиот одбрал неговиот деловен простор да биде во висококатниците.

Деновите од пензијата, Ѓорѓе Иванов ќе ги поминува во „Џевахир“ во скопската населба Аеродром. Како што стои во видеото новите канцеларии на Иванов ќе бидат на 22 и 38 кат во една од висококатниците.

Инаку токму претседателот Иванов во 2012 година заедно со поранешниот претседател на Турција, Ѓул, беа кумови на свадбата на Есер Џевахир.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.