Затворете ја вратата одвнатре со лактот или како порано, но веднаш избришете ја рачката со средства за дезинфекција.

Објавил: Македонка Димкин | 15 март, 2020 15:43

КОРОНА ВИРУС: Еве што да правите со облеката и чевлите кога ќе дојдете дома!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За да се спречи преносот на вирусот Короид-19 вирус корона, се препорачува секогаш да ја повторувате оваа практика секој пат кога ќе се вратите дома.

Затворете ја вратата одвнатре со лактот или како порано, но веднаш избришете ја рачката со средства за дезинфекција.
Следниот чекор е веднаш да ги дезинфицирате рацете, потоа да ги тргнете чевлите и да ги испрскате со алкохол или друга течна дезинфекција.

Што е со облеката?

Соблечете ја облеката веќе во ходникот. Раширете ја облеката што ја носите на терасата за да проветрите добро најмалку половина час затоа што вирусот COVID-19 се суши од ткаенината и не може да преживее повеќе од 20 минути.

Повторете ја истата постапка секој пат кога ќе влезете во домот.

Затворете ја вратата одвнатре со лактот или како порано, но веднаш избришете ја рачката со средства за дезинфекција.

УШТЕ НЕКОЛКУ ВАЖНИ СОВЕТИ:

Дезинфицирајте ги рацете

Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол кои најчесто ги гледаме во болниците.

И сапун и вода ќе завршат работа

Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете…

Кашлање и кивање – но направете го тоа правилно!

Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете хартиени марамчиња, но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.

Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...