Според државниот Јавен обвинител на Косово Александар Љумези постојат 19.000 лица кои нелегално добија статус на воени ветерани на ОВК и кои имаат привилегии

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 12:31

Косово: Издадени потерници против 63 осомничени за воени злосторства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовското обвинителство издаде 63 потерници за апсење за осомничени за воени злосторства но во случаите биле вклучени само двајца специјални обвинители од кои едниот бил Елез Блакај специјалниот обвинител кој пред неколку дена поднесе оставка рече државниот обвинител на Косово Александар Љумези.

Тој  додава дека не е запознат со тоа кога Специјалното обвинителство во Хаг би требало да ги поднесе првите обвиненија бидејќи истражната постапка се уште е во тек.

Љумези неодамна потврди дека Блакај поднел оставка поради закани наводно поради истрагата за имамот од приштинската џамија Шефкет Красниќи а во последно време и поради истрагата околу манипулација на листите на ветераните на таканаречената Ослободителна војска на Косово [ ОВК ].

Според Љумези постојат 19.000 лица кои нелегално добија статус на воени ветерани и кои имаат привилегии.

Тој рече дека Блакај поднесе оставка откако го подготвил обвинението против поединци вклучени во случајот и ги испрати до Специјалното обвинителство за понатамошно разгледување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.