Ако вам не ви е препорачана домашна-само-изолацијата тогаш не ви требаат домашни резерви. Дури и ако епидемијата е на вашиот праг, тоа е респираторен вирус, а не епидемија на глад.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2020 10:19

КОШНИЧКА ЗА КОРОНАВИРУС: Што да имате дома и како да се подготвите- не купувајте паштети и конзервирана храна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека полиците со одделни артикли во супермаркетите се на удар на купувачите, поради создавање непотребни домашни резерви и страв од коронавирус, се поставува прашањето дали навистина вакви резерви се потребни.

Ако вам не ви е препорачана домашна-само-изолацијата тогаш не ви требаат домашни резерви. Дури и ако епидемијата е на вашиот праг, тоа е респираторен вирус, а не епидемија на глад.

Наместо да брзате од продавницата до аптека и да трошите пари или да го зголемите минусот на картичката со купување на куп намирници што не ви требаат , еве совети за тоа какви видови на храна да купите кои може да ги искористите, но само ако потребно да поминете две недели во домашна само изолација.

Најдобро е да напишете на ливче што ви е неопходно и што е она што би купиле и би го изеле за две недели, а секако да не се расипе.  

Работи што треба да ги купите се конзервирани домати како основа или добар додаток на скоро секое јадење. Истото важи и за коцките за супа. Ориз, тестенини и многу јаткасти плодови, дури и ако не ги јадете, може да се конзумираат и по периодот на самоизолација.

Доволно е да имате намирници за две недели, а не да акумулирате храна за следните пет години.

Овес, или слични овесни снегулки  (без шеќер) бидејќи може да се јадат и со вода во случај да немате свежо млеко во куќата.

Ако сте нетолерантни кон некои видови храна, добра е идејата да купите доволно алтернативни производи како брашно без глутен, бадемово, соја или кокосово млеко. Сушени зачини, босилек, оригано или бибер, куркума или лута пиперка ќе го подигнат не само вашиот оброк, туку и вашето расположение.

Преработената храна не е добра опција, па иако паштетата, павлаката, месниот нарезак и готовите конзервирани оброци се добар изговор за складирање, тие нема да го зајакнат вашиот имунитет и нема да ви помогнат многу за зајакнување на здравјето.

Подобро е да ставите неколку пакувања квалитетно месо, риба, во замрзнувач, јајца или сирење во фрижидер  за да му обезбедите на вашето тело доволно протеини.

Ако не сте љубител на животински протеини, одлучете се за печурки, мешунки, семе, ореви или свежо подготвен намаз на пример од леблебија.

Иако е најлесно полиците да се наполнат со конзерви а замрзнувачот со месо, сепак свежото овошје и зеленчук се неопходен придружник на вашиот имунитет. Дури и ако сте во изолација, некој може секогаш да ги донесе овие јадења на вашата врата а компири, моркови, кромид, лук, јаболка, лимони може да се чуваат со недели ако се чуваат правилно.

После свежото најдобро е замрзнатото овошје и зеленчук, што е лесно за подготовка и може да го користите како додаток во оброкот.

Во овие околности, треба да се користи храна богата со витамин Ц, како брокула, портокали, лимони или бобинки, кои секогаш може да се најдат замрзнати. И, сигурно веќе имате витамин Цво вашата домашна аптека, само погледнете го рокот на траење. Ова не значи дека треба да го надополнете вашето тело со витамини и додатоци бидејќи не треба да се мешаат. Нашиот имунолошки систем треба да биде буден, а не заспан.

Исто така, испразнувањето на рафтовите со шишиња вода, тоалетна хартија  е крајно бесмислено ако имате сапун и вода во куќата.

Ако имате вишок и неискористена залиха, споделете ја со вашето семејство, пријатели и соседи. Или дајте им на оние што немаат доволно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...