Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Објавил: Перо Милчин | 27 декември, 2020 11:37

Кривични пријави за сопственици на четири угостителски објекти во Скопје, работеле по дозволеното време

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кривични пријави за сопственици на четири угостителски објекти во Скопје, работеле по дозволеното време!

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 26/12/2020 година во периодот од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време угостителските објекти. Контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време (едно во Аеродром, едно во Гази баба и две во Сарај), кое согласно последната одлука се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена забрана за работа.

Во угостителски објект на ул. Перо Наков во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок Во објект на бул. Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј:, кое е затекнат во обхектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести