Откако администрацијата на поранешниот претседател на САД, Обама, по 60 години ги нормализираше односите со Куба, актуелнииот, Донал Трамп, ги враќа на почеток

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 11:10

Кубанскиот претседател со став дека односите со САД се влошуваат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Односите меѓу Куба и САД се влошуваат изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел во неделно телевизиско интервју.

Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп на дијалог базиран на взаемно почитување.

Не отфрламе можност за дијалог, но тој мора да се базира на почитување, не смее да се ставаат услови за одредени наши уверувања, истакна кубанскиот претседател за Телесур.

Тој додаде дека неговата влада не е оптимистична во поглед на одржување состанок ако владата на САД остане на своите скандалозни ставови.

Кубанско – американските односи се затоплија за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, но под Трамп повторно настапи заладување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести