Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, напиша таа на Фејсбук видно револтирана од речникот со кој се служи премиерот. Таа даде предлог да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите? 

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 август, 2019 12:06

Куновска за изјавата на Заев: И по кревети почна да ни влегува човеков

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешната пратеничка на СДСМ и актерка, Софија Куновска се огласи по вчерашната скандалозна изјава на премиерот Зоран Заев.

Фејсбук статус на Куновска

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков, напиша таа на Фејсбук видно револтирана од речникот со кој се служи премиерот. Таа даде предлог да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите? 

Добро утро!

Добри сте?

Се беше јасно уште од времето на “жицата за алишта” а камо ли пак од времето на “мрчат”.
Само не сфатив дали “светел” по повод последнава квалификација.

Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков.

Останува нејасно само како се чувствуваат “големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta..

P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите? – напиша Куновска на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.