Турските власти сеуште без официјално објаснување за кои дела го привеле австрискиот новинар, за кој јавноста е информирана само дека имал лични левичарски убедувања

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 13:55

Курц: Анкара веднаш да се изјасни за апсењето австрискиот новинар

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Австриската Влада соопшти дека Турција треба да даде детали за апсењето на австрискиот новинар Макс Цирнгаст или да го ослободи.

Очекуваме Турција веднаш да објасни за што е обвинет новинарот, и ако е можно, тој веднаш да биде ослободен, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Припадници на турските антитерористички служби вчера го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција.

Според организацијата Репортери без граници, Цирнгаст бил уапсен поради неговите левичарски политички ставови кои ги изнесувал во Турција.

Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека еден државјанин на Австрија вчера бил уапсен во Турција, но засега не изнесе повеќе детали.

Една од ретките фотографии на Макс Цирнгаст, кој иако работел за два медиуми во Турција, никогаш не ги криел своите левичарски убедувања за кои бил познат граѓански активист во Австрија.

Порталот „Револт“ и списанието „Јакобин“, за кои работел Цирнгаст, тврдат дека тој бил „посветен левичарски активист“, а учествувал и во кампањата на курдската Демократска партија на народите (ХДП), чиј лидер Селахатин Демирташ неодамна беше осуден на затворска казна под обвинение за тероризам.

„Револт“ наведе дека иако Цирнгаст бил уапсен под обвинение за тероризам, сепак најверојатна причина за неговото лишување од слобода се „политичките публикации“.

Различните политички мислења не можат да бидат оправдување за апсења и заплашувања, какви што се повеќе и повеќе се случуваат во Турција, соопшти австриската подржуноца на „Репотери без граници“.

Од обидот за преврат во јули 2016 година, во Турција беа уапсени десетици новинари. Поголемиот број од нив, како што наведува „Дојче Веле“, беа упасени под обвинение за терористичка пропаганда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.