Во текот на вчерашниот имало три нови напади од кучиња скитници

Објавил: Данаил Михајловски | 26 септември, 2018 16:00

Кучињата скитници продолжуваат да сеат страв по скопските улици

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на вчерашниот ден во полициска станица се пријавени три нови случаи на напад од кучиња скитници.

Во 01.50 часот во Полициска станица Центар, Н.К.(22) од Скопје пријавил дека на 25.09.2018 година околу 23.30 часот на улица „Пролет” бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

МВР денеска соопшти дека синоќа во 20.20 часот во Полициска станица Гази Баба, М.В.(54) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на улица „Пехчевска” бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.

На 25.08.2018 година во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(58) од Скопје пријави дека на 22.09.2018 година во 20.00 часот на улицата „Благоја Стевковски“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало за левата нога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.