Неодамна експертите од Универзитетот во Кјото, Јапонија, ги анализирале кучињата за да го докажат она што Стенли Корен го тврдел во неговата приказна.

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 18:54

Дали кучињата познаваат кој е добар, а кој лош човек?

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Повеќето луѓе веруваат во тоа дека кучињата можат да „намирисаат“ каква е една личност. Сигурно барем еднаш сте виделе куче на улица што ѝ лае и ѝ ‘ржи на личност што не му направила ништо, а на други воопшто не реагира или пријателски им приоѓа.

Можеби сте имале и ситуација во која вашето милениче игнорира некои од вашите пријатели или гости, а од некои дури и бега.

Постојат научни истражувања кои одговараат на прашањето зошто го прават тоа домашните миленици. Познатиот експерт за однесување на кучињата, Стенли Корен, го наведува примерот на своја познајничка која забележала дека нејзиното куче чудно се однесува кон мајката на нејзиниот маж. Кучето ја игнорирало, па дури и не сакало да земе храна од неа.

Градбата на телото на кучињата им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.
Имаат 42 заба, при што секогаш по четири предкатници од двете страни на горната и на долната вилица.

Кучето така се однесувало затоа што ја видело кога таа не сакала да ѝ помогне на неговата сопственичка, откако таа ја замолила за помош. Тоа е вистински доказ дека кучињата добро го впиваат сето она што се случува околу нив и дека по неправда, што ја уочиле кај некои луѓе, кон таа личност се однесуваат како кон непријател.

Неодамна експертите од Универзитетот во Кјото, Јапонија, ги анализирале кучињата за да го докажат она што Стенли Корен го тврдел во неговата приказна.

Во истражувањето учествувале 50 кучиња и сопственици, како и три актери. Еден од актерите имал улога на луѓе што не сакаат да му помогнат на сопственикот, додека сопственикот вади предмети од кутијата, друг актер бил неутрален и стоел настрана, а третиот му помагал на сопственикот.

Потоа кучињата можеле да изберат од кој актер ќе земат храна. Сите кучиња еднакво прифатиле храна од неутралната личност и од помагачот.

Истражувачите заклучиле дека кучињата мислат дека е нормално да им се помогне на другите и таквото однесување за нив е посебно, па затоа не правеле разлика меѓу неутралниот актер и помагачот.

Сепак, кога некој одбива да им помогне на луѓето што им се драги, тие го кршат „кучешкиот морал“ и тоа остава негативно влијание кај кучето, па од тие луѓе нема да земат храна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.