Либерално демократската партија никако да ги задржи и оние три пратеници во овој собраниски состав, по синоќешната изборна конвенција Корубин продолжува како независна

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 7:44

ЛДП (пак) се распадна, Корубин ќе стане независен пратеник

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Никица Корубин, пратеничка од редовите на ЛДП, на социјалните мрежи објави дека ќе настапува како независена.

Корубин воедно беше и една од против кандидатите за претседателското место во партијата на реизбраниот Горан Милевски.

Корубин на социјалните мрежи напиша.

Сакам да ве информирам, дека од денес настапувам како независен пратеник на ЛДП во Собранието на Република Македонија, во рамките на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Утре ќе го известам Претседателот на Собранието на Република Македонија. Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија.

Лошите пракси во политичката партија се рефлектираат во државата и општеството. Затоа мора да се спротиставиме на секое нарушување на принципите на делување по правила и стандарди, бидејќи политиката не е за личниот, туку за општиот интерес. Од секого од нас зависи, само доколку ја разбереме моќта на позицијата која ја имаме. – напиша таа.

ЛДП има импозантна политичка историја кој се ја напуштил како политичка опција, па така во плејадата политичари членови и биле и Петар Гошев, Стојан Андо, Ристо Пенов, Лилјана Поповска, Андреј Жерновски.

Во политичкото делување ЛДП коалицирала и со СДСМ и со ВМРО – ДПМНЕ, секогаш губејќи пратеник или претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.