Политичката партија "Левица" цени дека Одлуката на Собранието на Македонија за распишување на Референдум за 30-ти септември 2018 година е неуставна

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 7:32

Левица со иницијатива до Уставен за поништување на Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Политичката партија “Левица”ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од страна на Собранието.

“Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита – бидејќи истата не е во согласност со Уставот на Република Македонија – Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија.” – се вели во најавата на Левица.

Од партијата додаваат дека подетални наводи од содржината на претставката ќе бидат објаснети на прес конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.