Според Програмата на Владата 2017 - 2020 година здравствените работници до 2020 година треба да примаат 100.000 денати што е 146% покачување и тие тоа го чекаат

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 6:29

Лекарите незадоволни што Филипче нуди 5% а Владата ветила 146% покачување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синдикатот ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13.286 денари но не го прифаќа зголемувањето на основната плата во здравството од пет отсто за 2018 година.

Но за да се оствари програмата на Владата 2017 – 2020 година за “двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100.000 денари односно 1.600 евра до 2020 година” во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146 проценти а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91 отсто реагира Синдикатот на клинички центри.

Според Синдикатот со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари односно би се зголемила за 1.940 денари а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари.

“Со оваа динамика и вакво “скалесто покачување” останува нејасно како ќе се спроведе програмата на Владата што Синдикатот на клинички центри во целост ја поддржува. Доколку е така планирано би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година.” – велат од Синдикатот.

За Синдикатот се неприфатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на Програмата на Владата 2017 – 2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.