Некако собрав сили пред сите луѓе, меѓy кои имаше доктори, инжињери, професори, а и простаци, да и кажам дека ми е жал, ама веќе не постои Македонски јазик,

Објавил: Македонка Димкин | 25 јуни, 2018 1:26

Лекар од Македонија во Швајцарија: »Македонскиот јазик повеќе не постои«

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Младиот доктор од Швајцарија Томче Миташев го опишува освојувањето на еден Швајцарски врв во кантон St.Gallen. Тој работи како приправник лекар во една Швајцарска болница веќе неколку години, благодарение на тоа што навремено си купил бугарски пасош.

»Денес со колеги и пријатели искачивме еден локален врв во Швајцарија. Најгоре имаше алпска куќа, кај што едвај чекавме да јадеме од нивните специјалитети. Не имаше од преку 10 различни земји. Газдите беа многу влезени во бизнисот, па имаа испечатено мени на 20 јазици. Газдарицата и келнерка која беше многу фина, дури и досадна, ме праша од каде сум. Од Македонија. Вика сме имале многу гости од Македонија, проламоти нешто за Александар, и ми вика нареден пат кога ќе дојдеш ќе има мени и на Македонски јазик…

Spitzmeilen е висока планина во Гларусските Алпи. Лежи на границата на швајцарските кантони  Гларус и Св. Гален.

Некако собрав сили пред сите луѓе, меѓy кои имаше доктори, инжињери, професори, а и простаци, да и кажам дека ми е жал, ама веќе не постои Македонски јазик, а јас најверојатно ќе бидам еден од последните Македонци кој дошол таму да јаде  Сите ме прашаа што е проблемот и се обидов да и ја објаснам приказката во стилот на: Грците не ни го признаваат името и идентитетот, ,,мораше да ги смениме за да влеземе во ЕУ’’… Еден Португалец ме пита: Толку ли лош народ се Грците? Не, му реков. Грците се супер народ што си ги брани своите интереси, напротив, секоја година одам кај нив на одмор, ги имаат едни од најубавите плажи на светот, имам и многу пријатели од Грција. Проблемот е во тоа што мојата држава одсекогаш си страдала од своите сопствени синови – Предавници!«

Миташев според  неговиот  ФБ статус им посочил на присутните доктори , инжињери и простаци (споре него) дека Македонскиот јазик повеќе не постои.
Навистина „за восхитување „  за еден Лекар кој се школувал и учел во Македонија да тврди дека Македонскиот јазик повеќе не постоел за патем таму горе, на Алпите (каде што едвај чекал да проба од  тамошните специјалитети ) да каже дека Македонија отсекогаш страдала од сопствените синови – Предавници!

Бидејќи Миташев го избришал или го ставил во приватна сфера постот ви доставуваме принтскрин:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...