– Сосема сум свесна за огромниот интерес кој го има јавноста за „Рекет“ и сите допирни точки со случајот „Империја“, каде првоосомничениот е сведок во „Рекет“

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 август, 2019 14:30

ЛИЛЕ СТЕФАНОВА: “Сѐ што ми е познато го изнесов пред обвинител”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По неколку часовниот распит на специјалната јавна обвинителка Лиле Стефановска во Јавното обвинителство, таа со кратка изјава за медиумите рече дека сѐ што имала кажала во писмената изјава во петокот.

На прашањата кои поврзани со бизнисменот Ванчо Чифлиганец, таа на заминување коментираше дека неа никој не ја демантирал.

Во една од снимките на „Ла Верита“, бизнисменот Орце Камчев му вели на Боки 13-ка дека Чифлиганец за Лиле Стефанова му барал дуќан за стоматолошка ординација.

 Сосема сум свесна за огромниот интерес кој го има јавноста за „Рекет“ и сите допирни точки со случајот „Империја“, каде првоосомничениот е сведок во „Рекет“. Сѐ што можев да споделам го споделив во петок во изјавата.

Денес од 9 часот до сега во својство на сведок давав исказ и сѐ што ми е познато го изнесов пред обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да да дадам ниту една друга изјава во однос на она што веќе го имам споделено – рече Стефанова.

Стефановa не сакаше да одговaрa на новинарски прашања и рече дека ѝ е жал што толку многу ја чекале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.