На официјалната веб-страница, Владата на Луксембург објави детално објаснување во кое ги објаснува причините зошто одлучи да преземе таков чекор.

Објавил: admin@magazin | 29 април, 2020 19:54

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НОВА СТРАТЕГИЈА: Еве како планираат да се изборат со КОРОНА ВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Луксембург планира да започне со тестирање на коронавирусот, која ќе ја зафати целата популација, мерка што ќе се одвива паралелно со ублажувачките ограничувања.

На официјалната веб-страница, Владата на Луксембург ги објаснува причините зошто одлучи да преземе таков чекор.

Имено, соработката помеѓу Министерството за здравство и Министерството за образование за време на пандемијата на коронавирус продолжи и во овој случај, а со тоа беше решено целосен увид во епидемиолошката состојба со коронавирусот да се постигне преку интензивно и масовно тестирање.

– Луксембург е мала земја и затоа ова е одлична можност. Можеме да го тестираме целото население на коронавирус на краток рок. Ова ќе нè направи првата земја што всушност има целосен увид во бројот на заразени граѓани – рече министерот за образование, Клод Меиш.

Тестирањето ќе започне оваа недела и првично ќе опфати околу 6.000 ученици и 2.500 наставници бидејќи училиштата во Луксембург ќе бидат отворени од 4-ти мај.

Стратегијата планира да го зголеми бројот на тестови на 20.000 тестови на ден, а целта е да се тестира целата популација постепено и во некои случаи неколку пати.

Тестовите ќе бидат доброволни, а оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија кои доаѓаат на работа во Луксембург, ќе можат да се тестираат.

– Преку голем број тестови, ќе можеме да го процениме обемот на ширење на вирусот и за прв пат да откриеме асимптоматски случаи кои се проценуваат на околу 80 проценти. Ова значи дека ќе откриеме многу повеќе заразени лица, ќе ги изолираме и со тоа ќе го нарушиме ланецот на ширење на коронавирусот. Заштитата е поголема, колку повеќе се тестираат луѓето, сакаме да ги охрабриме и другите држави да учествуваат во ваков вид здравствена мерка – рече министерката за здравство, Паулет Ленерт.

Луксембург има 3.729 инфицирани со коронавирусот и 88 смртни случаи. Има нешто повеќе од 613,000 луѓе што живеат во Луксембург.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.