Таа е обвинета дека потрошила повеќе од 100.000 долари државни пари за скапи вечери.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јуни, 2019 7:10

ЛУКСУЗ: Сопругата на Нетанјаху се почастила 100.000 долари државни пари за скапи вечери!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Сара Нетанјаху, сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прифати спогодба со Обвинителството во судски случај за трошење државни пари.

Сара е обвинета дека потрошила повеќе од 100.000 долари државни пари за луксузирање на скапи вечери.
Таа треба да плати околу 15.000 долари со цел да се отфрлат обвинувањата дека трошела големи суми на пари во луксузни ресторани за вечери со блиските пријатели и семејството,.

Венјамин Нетанјаху е израелски политичар кој е 9-ти и тековен Премиер на Израел согласно 2009 година, а претходно служејќи на истата позиција од 1996 до 1999 година.

Нетанјаху е истовремено е и член на Кнесетот — парламентот на Израел, како и претседател на неговата матична политичка партија Ликуд. Нетанјаху исто така е првиот израелски премиер по 1948 година кој е роден во Израел. Нетанјаху станал претседател на десничарската политичка партија Ликуд во 1993 година.

По три години победува на општите избори во Израел од 1996 година и станува најмладиот премиер на државата, служејќи на функцијата од јуни 1996 до јули 1999 година. Откако ги губи изборите во 1999 година се повлекува во приватниот сектор, но повторно се враќа во политиката во 2002 година како министер за надворешни работи до 2003 година и за финансии од 2003 до 2005 година.

Се повлекол од владата на Ариел Шарон поради несогласувања со планот за повлекување од Појасот Газа, со кој израелската војска го напуштила појасот и израелските населби во областа биле уништени и евакуирани.

Како министер за финансии, Венјамин учествувал во голема реформа на израелската економија, која значително ги подобрила последователните економски резултати на Израел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.