Во несреќата повредени се уште пет други лица

Објавил: Данаил Михајловски | 1 октомври, 2018 10:59

Македонец загинал утрово во сообраќајка кај Нови Сад, има и повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четириесет и четиригодишен Македонец го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила утрово на автопат во близина на Нови Сад. Тој бил во автомобил „фолксфаген шаран“ со македонски регистарски таблички, кој излетал од сообраќајницата.

Полицијата соопштила дека телото на загинатиот било најдено на неколку десетина метри од смачканиот автомобил, а потрагата по него и вадењето траело со часови.

Во несреќата која се случила околу пет часот наутро потврдено е дека се повредени уште пет други машки лица, исто така државјани на Македонија и тие се префрлени во Клиничкиот центар во Војводина.

Во притвор е 51-годишниот возач од Ниш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.