Двајца пилоти заминаа во пензија

Објавил: Калина Мартинска | 13 април, 2024 20:00

Македонија конечно има авиони за гаснење пожари, ама сега нема кој да ги лета

Фото/Текст извор: ©tv24.mk

Дирекцијата за заштита и спасување остана со еден пилот и тоа непосредно пред сезоната во која се регистрираат најмногу пожари.

Топлото и суво лето во кое се предвидуваат многу пожари дополнително ја загрозува веќе постоечката катастрофална состојба. Во моментов авионите за гаснење на пожар не се на располагање.

„За жал во овој момент, немаме ниту еден оперативен авион од Дирекцијата за заштита и спасување. Проблемот е поради недостиг на пилоти. За повеќе детали можете да се обратите до директорт на ДЗС. Тој се обидува да го надмине овој проблем, но како и да е во овој момент, можеме да се потпреме само на три хеликоптери на МВР, на еден или два на Армијата“, вели Стојанче Анеглов-директор на Центар за упраување со кризи.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување за МИА изјави дека од тројца пилоти со кои располагала Дирекцијата, оваа година останала само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Беким Максути, издвои дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, затоа што минатата година во борбата со пожарите прв пат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на Дирекцијата.

„Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот“, вели Беким Максути-директор на Дирекција за заштита и справување.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека со заминување на двајцата пилоти во пензија кои покрај летечките активности извршувале и раководни (постхолдерски) позиции, во Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во Дирекцјата за заштита и спасување, дошло до нарушување на функционалноста на системот за управување со безбедноста.

Од страна на АЦВ од Одделението за специјализирани услуги со воздухоплови во Дирекцијата за заштита и спасување е побарано итно да достави корективен акциски план со предлог мерки за отстранување на наодите со цел враќање на функционалноста на одделението пред отпочнување на сезоната на пожари.

Иако има дисбаланс во вреднувањето на трудот, за да се стане пилот во ДЗС, треба да се исполнат одредени критериуми односно Максути појасни дека потребни се најмалку 500 часа летање, сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат. Добивањето на сертификатот, создава и финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.