Ако во медиумите од Италија можеше да се прочита дека лекарите морале да одлучуваат кого ќе го стават на апарат а кого не, голема е веројатноста дека тоа ќе биде и кај нас додека не успееме да се замоизолираме и така да се заштитиме себе си и другите.

Објавил: Македонка Димкин | 20 март, 2020 1:30

МАКЕДОНИЈА ПРЕД КОЛАПС: Прочитајте и зошто?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Др. Венко Филипче на неговите пресови на дневна основа ја убедува јавноста дека ситуацијата е под контрола и дека Македонија за сега се справува дури поуспешно од развиените земји кои се во колапс. Но дали министерот ја зборува вистината или пак му подметнале искривени иинформации?

Немаме маски, едни те исти маски за еднократна употреба ги носиме и по неколку денови иако тие се за само неколку часа. Веќе неколку години одиме со иста униформа понекогаш имаме чувство дека никој не се грижи за нас. пишува во пораката која ни ја испрати еддно медицинско лице од Струга.

И во Охридските болници ситуацијата не е подобра се жалат за нефукционално здравство мора да се штеди на средство за дезинфекција бидејки резервитре се потрошија, немаме доволно лекари, зошто не се мобилизираат матичните лекари да се стават во служба на државата вели нашиот соговроник во една од охридските болници. Стравуваме за нашето а и за здравјето од пациентите бидејки сме свесни дека ако навистина се рашири пандемијата нема да може да одговориме на предизвикот. 

И додека светот се справува со мерки во здравството, техничката влада како најважно го третира изборот на нови судии, највероватно за сузбивање на КОРОНАТА?

Филипче рече дека во моментот во Македонија имало повеќе од 100 реаспиратори  и дека се надева на помош од Кина за уште 200 нови реаспиратори.

Можеби некогаш бројките кажуваат многу можеби малку, но што значи тоа кога би се влошила ситуацијата како што е на пример во Италија? Тоа значи дека ако нема никакви други пациенти на кои им е потребен тој апарат а има, бидејки луѓето не боледуваат само од COVID 19 вирус, тогаш на апаратите би можеле да се приклучат само 100 луѓе и тие ќе останат најмалце 14 денови се додека самостално да дишат. Во превод тоа значи дека наредните 14 дена Македонија не ќе може да спасува други пациенти бидејки во тоа време 100 реаспиратори ќе бидат зафатени. 

Ако во медиумите од Италија можеше да се прочита дека лекарите морале да одлучуваат кого ќе го стават на апарат а кого не, голема е веројатноста дека тоа ќе биде и кај нас додека не успееме да се замоизолираме и така да се заштитиме себе си и другите.

Значи само замозаштита како превенција бидејки е таа најефективна 

Во меѓу време Владата на својата 23-та седница одржана вечерва усвои серија заклучоци со кои им пропорачува на работодавачите да организираат работа од дома, а на маркетите, аптеките, банките и поштите да обезбедат редари пред и во своите објекти.

Се препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно секое раководно лице на институцијата, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организираат работата и начинот на работа на вработените лица, преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирагье на институцијата, се наведува во заклучоците на Владата усвоени врз основа на препораките усвоени на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб задолжен за целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.