Според најновите податоци концентрацијата на високите ПМ 10 честици е речиси низ цела Македонија, а најчест воздух се дише во Лазаропле.

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 7:31

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Канцероген воздух утрово во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Утринава скопјани повторно се разбудија во екстремно загаден воздух. На улиците низ главниот град не може ништо да се види од густиот смок.

Според најновите податоци концентрацијата на високите ПМ 10 честици е речиси низ цела Македонија, а најчест воздух се дише во Лазаропле.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 7ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

По протестот во Скопје кој се случи пред неколку недели, вчера и струмичани излегоа да го покажат револтот за загадениот воздух.

„Вратете ни го воздухот чист“ гласи пораката која ја испратија струмичани преку вчерашниот протест на градскиот плоштад.

Додека надвор загадувањето со ПМ 10 честички беше речиси двапати над дозволеното, граѓаните побараа редовна и континуирана контрола на индустриските капацитети во попладневните и вечерните часови и да се прави запис за реагенсите што се користат при работата. Покрај ова, побараа и засилена контрола на депонијата кај селото Добрашинци, но и да се стави крај на сечата на дрвја на планината Еленица и струмичките ридови.

„Овој проблем се провлекува повеќе години наназад и сите сме свесни за тоа, но во последните три години веќе ескалира и сериозно го загрозува животот на граѓаните на општина Струмица. Преку овој апел сакаме да изразиме поддршка и ги охрабриме надлежните органи да направат поголеми напори за да се реши овој горлив проблем што не засега сите, бидејќи правото на живот е фундаментално, основно човеково право и никој нема право да го загрозува“, истакнаа жителите на вчерашниот протест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.