Францускиот претседател смета дека Европа за безбедносни прашања не би требало повеќе да се потпира на САД

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 9:30

Макрон: Безбедноста на Европа не треба да зависи од САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Франција, Емануел Макрон повторно се заложи за европски проект на одбрана, наведувајќи дека Европа за безбедносните прашања не би требало да се потпира на САД.

– Ние треба да ја гарантираме европска безбедност, а со самото тоа и нејзиниот суверентитет, истакна Макрон во обраќањето пред француските амбасадори во Париз.

Тој додаде дека во разговорите за соработката во областа на одбраната би требало да се вклучат сите европски земји и Русија, во случај ако има напредок со Москва за прашањето за Украина.

Макрон во говорот ги претстави и приоритетите на француската дипломатија за следната година. Тој ситуацијата во Сирија ја оцени како многу вознемирувачка, пред се во процинцијата Идлиб, каде се заканува нова хуманитарна криза. Идлиб е под контрола на бунтовниците.

Макрон апелираше „уште повеќе да се засили притисокот врз сирискиот режим и неговите сојузници“ за надминување на конфликтот со политички средства.

– Во таа насока многу очекувам од Русија и од Турција, пред се поради нивите преземени ангажмани“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.