Неколку малолетници од Струга вчера од брегот на езерото извадиле граната по што случајот бил пријавен во полиција

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 13:48

Малолетници извадиле граната од брегот на езерото кај Радожда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку малолетници од Струга вчера од брегот на езерото извадиле граната, по што случајот бил пријавен во полиција.

На 11-ти август 2018 година околу 11:00 часот во Полициската станица Струга П.П. [ 64 ] од село Радожда струшко пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото била извадена експлозивна направа граната која била оставена на брегот во близина на влезот во село Радожда.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести