Тој посочува дека колку е поголем стравот толку се полоши решенијата за борба против инфекцијата.

Објавил: Владо Марин | 10 јуни, 2020 5:09

Марковски: Брзо ќе постигнеме колективен имунитет, драстично ќе падне бројот на заразени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според моменталните и претходните бројки, околу 25 проценти од населението имало контакт со вирусот, изјави докторот Вело Марковски на Канал 5.

-Мое мислење, но и според мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени – истакна Маркоски.

Тој посочува дека колку е поголем стравот толку се полоши решенијата за борба против инфекцијата.

Професорот Марковски неодамна истакна дека наскоро не треба да се надеваме на вакцина и дека респираторите се потребни, но првин што подолго треба да му се даде шанса на организмот да се избори сам. Во Кина на пример многу помалку умирале пациенти што не биле на респиратор со иста и слична тешка клиничка слика .

Тој смета и оти заштитна маска треба да носи човек што има некаква тегоба. Инаку, маската можела да направи само штета.

– Паниката што ја создаваме, масовната психоза и хистерија многу ми пречат. Затворањето на училиштата и забраната за масовни собири се доволни за да немаме голем удар на здравствениот систем. Тие мерки треба да останат уште извесно време, а карантнинот, изолацијата, само ја развлекуваат кривата. Ако за два месеца требаше да го поминеме пикот, сега ќе ни требаат можеби пет-шест месеци. Освен тоа, во многу лоша состојба ги ставивме луѓето над 67 години, иако тие не се единствената ризична група. Ним им треба сонце, движење. Вака може да се заштитат од Ковид-19, но се под сериозна закана од други болести – вели Марковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.