Денеска во Приштина се одржа марш за обединување на Прешевската Долина со Косово

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 15:18

„Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Не стивнуваат провокациите од Косово, упатени кон Србија. Денеска косовското здружение „Чамериа“ во Приштина, организираше „Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово.

Обединувањето на Прешевската Долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население, со Косово е идеја која што упорно ја промовира косовкиот претседател Тачи, а на која остро се спротивставуваат речиси сите релевантни косовски фактори, како и поголемиот дел од меѓународната заедница. Меѓународната заедница апелира за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и намалување на тензиите.

Според организаторите на овој настан, тој не е поврзан со ниту една политичка структура, туку е „за доброто на граѓаните на Косово“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.