Никола Саздовски беше погребан вчера попладне во село Ракотинци каде роднините и пријателите се збогуваа од него, а Комитите му оддадоа почит од западната трибина на градски стадион.

Објавил: Македонка Димкин | 11 јули, 2018 13:01

Мајката на Никола, не сакаше да ја прифати грозната реалност која полека се ближеше

Фото/Текст извор: ©Фејсбук

Емотивен статус на младиот Кристијан Бенито кој патуваше цела ноќ само да пристигне на време и да се прости од братот Никола.

Мајката со неподвижен, нем поглед, полн со болка го држеше стапалото на својот син легнат во кофчегот. Не сакаше да ја прифати грозната реалност која полека наближуваше…

Се ќе ти прости мама, Никола Се, тивко повторуваше таа.

Додека јас стоев спроти неа, со знамето во раце и очи полни солзи, наоколу комитите плачеа. Сите плачевме. Женските крици ви го распаруваа срцето.

А на сликата Никола се насмевнуваше како да сака да ни каже: без грижи браќа и сестри Македонци, јас одам на едно подобро место од каде што сигурно ќе ве чувам…
Наеднаш попот даде знак. Гробарите го затворија ковчегот и полека го спуштија во земјата…. Се слушна силен плач кој одекна до небото. Понатаму, не се сеќавам. Но знам дека плачев.


Никола Саздовски беше член на навивачката група КОМИТИ и голем борец за Македонија

На тројцата напаѓачи им е одреден притвор од 30 дена, иако по третото лице се уште се трага. Никола почина 10 дена по приемот во болница. Вчера попладне беше погребан во село Ракотинци каде роднините и пријателите се збогуваа од него, а Комитите му оддадоа почит од западната трибина на градски стадион.

• Настанот се случил на 29.06.2018 година (петок) во 17,30 часот

• Две од лицата сторители се лишени од слобода на 30.06 (сабота).

• На сајтот на МВР во делот за дневни билтени, кој се доставува, настанот е објавен на 30.06 (сабота) каде е потенцирано дека две лица, можни сторители се приведени во полициска станица.

• На 30.06. (сабота) СВР Скопје поднесе кривична пријава против 3 лица

• На сајтот на МВР во делот за дневни билтени објавена е информација за поднесена кривична пријава против 3 лица на 02.07 (понеделник)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.