Рејчел се изјасни за виновна и сега е во затворот во округот Марикопа. Притворен е и 30-годишен татко на деца и 49-годишен роднина, пренесува Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 23 јануари, 2020 11:25

Мајка од пеколот: Ги убила трите деца додека им пеела- синот(3) гледал како му ја убива сестрата и ја молел да престане

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата вчера ја уапсила Рејчел Анри (22) под сомнение дека ги убила нејзините тројца мали деца, едно по едно во нивниот дом во Феникс, Аризона, а потоа ги наместила телата на креветот за да изгледаат како да спијат.

Рејчел се изјасни за виновна и сега е во затворот во округот Марикопа. Притворен е и 30-годишниот татко на деца и 49-годишен роднина, пренесува Ројтерс.

Полицијата првично соопшти дека причината за смртта на децата допрва треба да се утврди и дека немало очигледни знаци на траума на нивните тела.

Но, Рејчел подоцна признала во полицијата дека ги задушила своите деца – две девојчиња, 7 месеци и една година и едно 3-годишно момче, почнувајќи од постара ќерка. Таа рече дека им ги ставила рацете над носот и устата, сè додека не престанат да дишат.

Таа рече дека тригодишниот син ја гледал како ја дави својата сестра и викал да престане.
Потоа го задавила и 3-годишниот син на подот во спалната соба додека му пеела песна. Кога таткото и братучедот дознале што се случило, веднаш повикале полиција.
Точниот мотив за грозоморните убиства не е познат досега, но еден од роднините рече дека Рејчел била зависна од метамфетамини и во последно време се однесувала чудно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...