Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

Објавил: Македонка Димкин | 3 јуни, 2023 16:17

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Фото/Текст извор: ©магазин

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија денеска властите, што е најсмртоносната железничка несреќа во таа држава во изминатите повеќе од 20 години.

Железничката несреќа се случи во близина на Баласоре, во источната држава Одиша, каде што некои вагони беа излетани далеку од шините, а други целосно се превртеа.

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

Неколку минути подоцна, Коромандал Експрес кој се движел од Калкута кон Ченај удрил во него, а некои од неговите вагони се удриле и со товарен воз паркиран во близина.

На терен сѐ уште се спасувачките тимови.

Судханшу Саранги, генерален директор на противпожарните служби на Одиша, рече дека бројот на загинати изнесува 288, но се очекува да биде поголем, потенцијално приближувајќи се до 380.

Индија има една од најголемите светски железнички мрежи и таму се случија неколку катастрофи во минатото, од кои најлошата во 1981 година кога воз излета од шините додека минуваше мост во Бихар и падна во реката при што загинаа меѓу 800 и 1.000 луѓе.

Несреќата во петокот е трета најлоша и најсмртоносна од 1995 година, кога два експресни воза се судрија во Фирозабад, во близина на Агра, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

Катастрофата се случи и покрај новите инвестиции и надградби во технологијата кои значително ја подобрија безбедноста на железницата во последниве години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...