Мбапе ќе пропушти најмалку два натпревари во Лига 1

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 14:07

Мбапе полуде и го доби првиот црвен картон во кариерата (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе по натпреварот од четвртиот круг на шампионатот на Франција против Ним (4:2) изјави дека не жали за неговото отстранување. Тој доби црвен картон во последната минута поради туркање противник.

Бев вознемирен поради постапките на дерфанзивците на противникот. Ова е фудбал, и треба да научите да ги ограничувате емоциите. Кога играте за ПСЖ, ова се случува секој пат. Ако ова ме вади надвор од колосек, тогаш ќе добијам уште многу други исклучувања. Но, не жалам што се однесував така. Ако ова се случи повторно, би го сторил истото. Се извинувам на навивачите, но не можам немо да ги гледам активностите на бранителите. Тој дури и не се обиде да игра топка, истакна Мбапе.

Што се однесува до стартот на неговиот тим во новата сезона од Лига 1, Французинот е задоволен.

Ако сакаме да бидеме одличен тим, мора да веруваме во себе. Добро тргнавме и треба да продолжиме да се надградуваме, рече Мбапе.

19-годишниот напаѓач поради црвениот картон ќе ги пропушти најмалку следните два натпревари во Лига 1.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...