Во сообраќајните несреќи причинета е само материјална штета

Објавил: admin@magazin | 13 август, 2018 11:41

МВР се демантира самата себе: Нема загинати лица за време на викендот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СВР Скопје соопшти дека е направена грешка во извештајот за случени сообраќајни незгоди за време на викендот во Скопје и оти нема починати лица.

По грешка во графата починати лица внесено е едно починато лице од сообраќајка. Во текот на викендот нема лица кои учествувале во сообраќајка со смртни последици, се вели во најновиот извештај од СВР Скопје.

Претходно, СВР Скопје соопшти дека на подрачјето на главниот град за време на викендот се случиле вкупно 25 сообраќајни незгоди во кои едно лице е загинато, едно е потешко повредено и 21 полесно повредено. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.