Милошоски со прашање на кое треба одговор

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 7:39

Месец дена пред распишување на Референдум нема ниту една анкета?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заев имаше преголеми амбиции или реална потреба кога го промовираше Министерството за комуникации – отчетност и транспарентност затоа што ако е вистина информацијата која синоќа на социјалните мрежи ја објави пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ за нарачана но не и објавена анкета од Владата тогаш Роберт Поповски треба да одговори зошто зема плата?

Милошоски изненади сo ФБ постот во кој вели:

“Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?! На прашањето дали ќе излезете на референдумот на ниво на Македонија само 31% одговориле дека ќе гласаат што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот. Во Битола на општинско ниво само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи).”

На оваа информација која не помина незабележано и недостига објаснување од Поповски за тоа дали имало или не анкета – дали истата била за интерна употреба или требало да се искористи за политички маркетинг но и на кое / кои прашања одговарале испитаниците и по кој модел и начин било извршено анкетирањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.