Метлата на Заев со краток рок

Објавил: Узунов Бобан | 31 мај, 2019 9:37

Метлата на Заев со краток рок: дел од разрешените потпретседатели може да бидат вратени

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, не ја исклучува можноста разрешените потпретседатели на СДСМ да бидат вратени.

,,Како одговорна партија оставаме во рамките на одлучувањето на претседателот, на заменик претседателот на СДСМ, во разговори и со партиското членство да одлучиме околу новиот состав на раководството на СДСМ. Претпоставувам дека така треба да се случува. Не ја исклучувам можноста на дел од функционерите кои што депонираа оставки, дел од нив да бидат и вратени на позиција. Не знам зошто би се исклучило како можност”, рече Костадинов.

На 26 мај беа разрешени беа сите потпретседатели, Извршниот одбор на партијата, Форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар навладејчакта СДСМ.

Потпретседатели на СДСМ  беа Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов.

Како што беше претходно објавено, нов генерален секретар на социјалдемократите е министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на местото од досегашниот Александар Кирацовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.